Подг. 35мин

Време: 15мин
порции: 4
Продукт

Уживајте во совршената комбинација на вкусови со нашата брускета со лук и вкусната Осоговска павлака, комбинирајќи крцкав тост со кремаста и освежувачка добрина.

Состојки:

  • 1 багет
  • 2-3 главици лук
  • 100гр Осоговска кисела павлака
  • 2 лажички оригано
  • Исецкан магдонос (опционално)
  • Сол, бибер и маслиново масло
  • 2 лажички сусам
  • 50гр изрендана шунка
  • 150гр омекнат Осоговски путер
  • магдонос и оригано

Инструкции:

Чекор I
Исечете го врвот на лукот, само малку за да се видат ченовите. Ставете го во фолија и покријте го со малку маслиново масло и сол. Печете го завиткан во фолија 30 минути во загреана рерна.

Чекор II
Исечете ја багетата на три дела, потоа исечете ги сите три на половини по хоризонтала.

Чекор III
Намачкајте ги малку со Осоговски путер од кората и наредете ги на хартија за печење во тава, со меката страна нагоре. Измешајте го омекнатиот Осоговски путер со омекнатиот лук, изгмечете или исечкајте. Додајте Осоговска павлака, зачини, сезам и шунка. Добро измешајте и намачкајте ги деловите од багетата со таа смеса.

Чекор IV
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.


Брз и вкусен залак. Подгответе го за гости, за брз појадок или вечера, послужете го со било кој сос и барем еден Осоговски производ.

Слични Постови