Подг: 45мин

Време: 10мин
порции: 20
Продукт

Искусете освежителна салата измешана со крцкави зеленчуци и кремаста Осоговска урда, создавајќи пријатна комбинација на текстури и вкусови во секое залче.

Состојки:

  • 1кг Осоговска урда
  • 400мл Осоговска кисела павлака
  • 200гр издробени ореви
  • 1 главица лук (исечкан ситно)
  • 100 гр печени семки од сончоглед без лушпи
  • 400 гр. свежа краставица
  • 150гр печени сусамови семки, сол по вкус

Инструкции:

Чекор I
Прво, свежата краставица се лупи и се сече на мали коцки. Додајте малку сол и оставете ја во цедалка да ослободи вишок вода, околу 1 час.

Чекор II
Потоа, додајте го Осоговското полутврдо сирење во чинија и постепено додавајте ја Осоговската павлака. Може да ви треба помалку или повеќе павлака од наведената количина во зависност од тоа дали полутврдото сирење е суво или по кремасто. Додајте ја свежата краставица, исечените ореви, печените сусам и семки од сончоглед. На крај, се додава исечканиот лук.

Чекор III
Сол се додава по потреба и по вкус. Јас ги печев сусамот и семките од сончоглед во сува тава на оган со постојано мешање за да се испечат убаво, за по-сладок вкус на салатата. Брзата салата се сервира на чинија и се декорира по желба. 
Оваа количина салата е за поголема слава. Ако сакате помала количина, намалете ги количините на состојките.

Слични Постови