Подг. 10мин
Време: 20мин
порции: 4
Продукт
Уживајте во нашата неодоливо кремаста паста со четири вида Осоговски кашкавал, совршена хармонија на богати вкусови и свилени текстури.
Состојки:
- 250гр равиоли
- 200мл. павлака за готвење
- 50гр Осоговски мешан кашкавал
- 50гр Осоговски Ексклузив кашкавал
- 50гр Осоговски топено сирење
- 50гр Јого Гауда или Осоговско козји кашкавал
- Маслиново масло
- Сол
- Бибер
Инструкции:
Чекор I
Загрејте вода во тенџере и додајте малку сол во неа. Откако ќе почне да врие, ставете ги равиолите да се варат.
Чекор II
Ставете ја павлаката за готвење во тава и почнете да ја загревате на тивок оган. Кога ќе почне да се згуснува, додајте една кутлача од водата во која се вареа равиолите. Промешајте и додајте ги сите Осоговски кашкавали.
Чекор III
Промешајте за да се растопи и на крај додајте ги варените равиоли. Ако е потребно, додадете сол и посипете мелен бибер. Декорирајте со малку маслиново масло и рендан Осоговски Ексклузив кашкавал.
Наздравје и уживајте!