Подг. 35мин
Време: 90мин
порции: 4
Продукт
Уживајте во вкусното искуство на нашата класична сочна лазања полна со Осоговски кашкавал, каде секој слој е полн со совршено растопен кашкавал, сочни вкусови и мазен, задоволувачки завршеток што прави секое залче да биде незаборавно.
Состојки:
- 500мл доматен сос
- 300гр Осоговски мешан кашкавал
- 1 главица кромид
- 200гр мелено месо
- 200гр печурки
- Осоговски путер
- 1 лажица сол
- 1 лажичка вегета
- магдонос и оригано
Инструкции:
Чекор I
За да се подготви оваа вкусна лазња, прво е потребно да се исече 1 кромид на ситно во загреана тава со масло. По пржењето, додајте го меленото месо. Потоа додајте 500 мл. доматен сос и 1 лажица зачини, малку сол и малку оригано. На крај, се додаваат ситно исечени печурки и се пржат.
Чекор II
Потоа се подготвува бешамел сосот.
Потребни состојки за бешамел сосот се: 2 лажици Осоговски путер се растопуваат во длабока тава. Додајте 2 лажици брашно и 500 мл. млеко и мешајте додека смесата не се згусне. На крај, се додава малку сол.
Чекор III
Во тава или стаклена чинија со капак, се редат лазњи кори за да се покрие дното на садот, се додава смесата од меленото месо и бешамел сосот на слојот од лазњата. И така до крајот, додека не се искористат кората и филот. На последната кора, се ренда голема количина Осоговски мешан кашкавал.
Чекор IV
Се пече во загреана рерна на 200°C половина час, додека не стане златно-кафеаво. Растегливиот Осоговски кашкавал му дава неодолив вкус и финиш.