Често Поставувани Прашања
Ние не само што произведуваме млечни производи, ние создававаме моменти на чиста радост.
Млекарата може да преработи над 50.000 литри млеко дневно.
Во портфолиото имаме над 15 типови кашкавали и сирења, а покрај тоа, имаме и добар број производи како путер, кисела павлака, урда, намази, така што асортиманот е повеќе од 25 производи.
Се прави според традиционален рецепт, но со користење на европски стандарди и технологии. Процесот на созревање исто така игра важна улога во квалитетот – „ексклузивниот“ кашкавалот созрева 9 месеци. При кашкавалите, созревањето е многу важно бидејќи го задржува нивниот вкус и квалитет. Обично оди во комбинација со вкусно бело вино.
Во моментов, само регионално правиме извоз. Неколку пати извезовме и во трети земји. Во САД, пазар кој има специфичен вкус, неколку пати сме испорачувале. Сега не правиме извоз таму бидејќи имаме доволно продажби во Македонија и во регионот. Исто така, имаме голема побарувачка и од европските земји и од регионот.
Бројот на кооперанти зависи од периодот на годината и варира од 500 до 800. Има одредени кооперанти кои чуваат крави, овци и кози и даваат млеко само 4 до 5 месеци. На пример, млекото од овци и кози е периодично. Ние редовно плаќаме за млекото, никогаш немало задоцнување, и поради тоа имаме коректен однос со соработниците – тие се многу лојални кон нас, а и ние кон нив.
Во моментов, нашиот најпродаван производ е мешаниот осоговски кашкавал.
Нашите производи се веќе утврдени и добро познати, така што со зголемувањето на цената не доаѓа до намалување на продажбата – дури имаме и поголема побарувачка.
Нашите следни инвестиции ќе бидат во неколку сегменти – едниот е инвестиции во нови производни линии на специјални типови млечни производи кои ќе имаат додадена вредност. Инвестициите во логистика исто така се многу важни – поставување на системи за ладење кај самите соработници, за да млекото стигне до нас ладно. Имаме инсталирано соларни панели од обновливи извори на енергија на просториите што покриваат 25 проценти од нашите потреби, а во блиска иднина ќе инсталираме дополнителни панели кои ќе произведуваат околу 350 киловати енергија на час. Во услови на оваа енергетска криза, сериозно инвестираме во обновливи извори на енергија. Планираме да ги зголемиме тие инвестиции во иднина, бидејќи електричната енергија моментално има најголемо влијание на конечната цена на производот. Исто така, намерата останува да се подигне присуството на брендот на меѓународно ниво.