За Нас
Како Сè Започна
Јого Меркур беше основанa во далечната 1990 година како мала, семејна компанија. Компанијата беше основана со 100% сопствен капитал, со мали средства на почетокот, но со многу труд, ентузијазам и волја за работа. Постепено, со текот на годините, се развиваше и растеше. Потребно ни беше време и средства, па по извесен период започнавме да се занимаваме со дистрибуција на млечни производи од Македонија и од странство. Тоа беа почетоците во 90-те години од минатиот век.
Ни беа потребни 15 години напорна работа, исклучиво во трговија (особено со млечни производи), пред да произведеме традиционален домашен бренд во Македонија – а тоа сега се „Осоговски Млечни Производи“. Во 2006-та година основавме нов правен субјект, „Млечна Индустрија Осогово Милк“ и изградивме објект – млекарница на падините на Осоговските Планини. Се одлучивме за таа локација поради близината на суровините и достапноста на работна сила. Ова го означува почетокот на нашата успешна приказна за производство на ексклузивни млечни производи.
Високо Вреднуван Бренд
Нашите Цели
Една од нашите цели е да влеземе на нови пазари, на национално и на меѓународно ниво, за да ја зголемиме базата на клиенти и пазарниот удел на компанијата.
Сакаме да го зголемиме производниот капацитет и да ја прошириме линијата на производи за да вклучиме поширок асортиман на млечни производи.
Да обезбедиме производство на високо квалитетни и природни млечни производи – преку контрола на производниот процес, надминување на индустриските и регулаторните стандарди и инвестиции во технологија..
500 000+
Клиенти
100 %
Докажан Квалитет
30 +
Видови Продукти
Нашите Вредности
Прв избор
За секој ден
Во Осоговски Млечни Производи, произведуваме меѓу едни од најдобрите млечни производи во Македонија, со строга контрола на квалитетот што обезбедува врвни состојки за нерамлив вкус и свежина. Одржувајќи честност, транспарентност и етички принципи во сите бизнис практики, градиме доверба и сигурност со клиенти, добавувачи и соработници, додека се посветуваме на извонредност во квалитетот на производите и поттикнуваме долгорочни односи изградени на взаемно задоволство и лојалност.